ОД ЛЕЧЕЊЕ БРАДАВИЦИ ДО ПОДГОТОВКА НА СИРЕЊЕ Како се користи „млекото“ од смокви?

Вообичаено наречен „млеко“ од смокви поради неговиот млечен изглед, сокот од смоквите има различни намени, од традиционални лекови до практични примени во домот.

55

Кога ќе се откине свеж лист, гранче или незрела смоква, од растението истекува бела течност позната како млеко од смокви или смоквин млечен сок. Овој природен латекс со векови се користел во народната медицина, но и во домаќинствата за различни кулинарски намени.

Млекото од смокви содржи растителни ензими, меѓу кои најпознат е фицинот, ензим кој помага во разградување на белковините. Токму поради тоа во традиционалната употреба се користело за омекнување месо, а во некои земји се применува и при производство на одредени видови сирење како природен коагуланс.






Во народната медицина

Во народната медицина, млечниот сок од смоквата најчесто се користел за отстранување на ситни кожни израстоци, брадавици и задебелувања на кожата. Се нанесувал директно на проблематичното место, но со голема претпазливост бидејќи сокот може да предизвика иритација, црвенило и печење, особено кај чувствителна кожа.

Поради присуството на активни растителни материи, некои луѓе го користат и за нега на груба кожа, но не треба да се нанесува на рани, оштетена кожа или во близина на очите.

Повеќе за ова прочитајте на порталот„Арт кујна“.

Поврзани содржини