СТРУЖАНИ ТОРМОЗЕНИ СО ТЕШКА БУЧАВА СРЕДЕ НОЌ Во угостителски објект измерена гласна музика од 88 децибели

Измерените 88 децибели се споредливи со бучавата од густ сообраќај или гласен ноќен клуб и се далеку над ноќната дозволена граница од 35 децибели, која е на ниво на тивка станбена населба или тивок разговор.

143

Со 53 децибели гласност над дозволеното угостителски објект во Струга го нарушил јавниот ред и мир, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека на 3 август во 1 часот и 5 минути, полициски службеници од ОВР Струга извршиле мерење на гласност и јачина на бучава со фонометар во објекти во централното градско подрачје.






– Постапено е по правилникот за примена на индикаторите за бучава при што, во еден угостителски објект лоциран на улицата Маршал Тито во Струга, констатирале нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика со 88 децибели гласност, што претставува надминување на дозволената граница од 53 децибели – изјави Димоски.

По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице во објектот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Измерените 88 децибели се споредливи со бучавата од густ сообраќај или гласен ноќен клуб и се далеку над ноќната дозволена граница од 35 децибели, која е на ниво на тивка станбена населба или тивок разговор.

Поврзани содржини