ДО 40 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА Еве каде ќе биде најжешко

Сончево и многу топло време низ целата земја, а температурите во дел од регионите повторно ќе достигнат 40 степени.

117

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол летен ден, со сончево време и мала локална облачност, покажува најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а утринските температури ќе се движат од 10 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија.






Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 31 степен во Маврово до дури 40 степени во Гевгелија, која повторно ќе биде меѓу најтоплите места во земјава.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до околу 38 степени во текот на денот.

Според прогнозата на УХМР, топлото време ќе продолжи и во следните денови. Во среда максималните температури повторно ќе достигнуваат до 40 степени, додека во четврток ќе има сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. И тогаш температурите ќе се движат меѓу 33 и 40 степени.

Поради високите температури, се препорачува граѓаните да избегнуваат престој на директно сонце во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности и да бидат особено внимателни доколку припаѓаат на ранливите категории.

Поврзани содржини