ВО САМОУБИСТВЕН НАПАД ЗАГИНАА 14 ЛИЦА ОД КОИ 5 ПОЛИЦАЈЦИ Во инцидентот во Пакистан повредени се повеќе од 20 луѓе

91

Во самоубиствен напад пред полициска станица во северозападен Пакистан загинаа најмалку 14 луѓе, од кои пет полицајци и осум цивили, како и бомбашот-самоубиец.

Инцидентот се случил на подрачјето Кабал, во покраината Хајбер Пахтунхва, при што се повредени над 20 луѓе.






Насилството на бунтовниците во пограничните области на Пакистан нагло се зголеми изминатите месеци, а армијата и полицијата се главни цели на нападите. Пакистанската влада за ескалацијата на насилството ги обвинува авганистанските талибанци, кои ги поддржуваат пакистанските милитантни групи. Талибанската влада во Авганистан негира каква било вмешаност.

Поврзани содржини