НАМЕСТО ЗА ИЗГУБЕНИ МИЛИОНИ ОД ИПА, ОСМАНИ ТРЕБА ДА ЗБОРУВА ЗА „ТУНЕЛОТ ДО ПОЛА“ Николоски одговори на нападите од поранешниот вицепремиер

Во објавата на мрежата Икс Николоски порача дека актуелната Влада „исправа уште еден заглавен проект“, додавајќи дека „железница ќе има, исто како и автопати“.

51

Темата за железничкото поврзување со Бугарија повторно ја отвори потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, обвинувајќи ја Владата дека не успеала да обезбеди договор за изградба на пругата на Коридорот 8 и дека поради тоа пропаднале 60,7 милиони евра европски средства. Но, наместо одбрана, од Владата следуваше контранапад.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, порача дека критиките доаѓаат токму од човек кој бил дел од владата што, според него, го оставила проектот во состојба што практично не можела да се реализира. Николоски тврди дека актуелната Влада наследила тендер за железничка пруга што завршувал со, како што вели, „слеп тунел до пола“, а роковите за искористување на европските ИПА средства веќе биле пред истек.






Наместо да се продолжи со, според него, нефункционален проект, Владата одлучила да го поништи тендерот и да отвори нови разговори со Европската Унија и со Бугарија. Резултатот, како што тврди министерот, е договор за изградба на целосен прекуграничен тунел, кој ќе се реализира со грант од Европската Унија.

Дополнително, Николоски информира дека веќе се одржал првиот состанок на заедничката македонско-бугарска работна група, а во подготовка е и заедничко обраќање до Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за обезбедување на финансиската конструкција. Посочи и дека за третата фаза од Коридорот 8 веќе се обезбедени 149 милиони евра грант.

Токму затоа, според Николоски, критиките од Османи се обид да се префрли вниманието од одлуките донесени во периодот кога ДУИ беше дел од власта. Во објавата на Икс тој порача дека актуелната Влада „исправа уште еден заглавен проект“, додавајќи дека „железница ќе има, исто како и автопати“.

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ГИ ЗАБРЗУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТУНЕЛ Договорена е динамика на активностите и обезбедување финансиска поддршка

 

Поврзани содржини