ПРОДОЛЖУВА ПАДОТ НА КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Во јуни просечната изнесувале 4,67%

Каматите на депозитите останале речиси непроменети во овој месец.

24

Просечните каматни стапки на кредитите во банките и штедилниците продолжиле да се намалуваат и во јуни годинава, додека каматите на депозитите останале речиси непроменети, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,67%, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на мај и 0,36 процентни поени во споредба со истиот месец лани.






Просечната каматна стапка на вкупните депозити останала на ниво од 2,17%, што е за 0,03 процентни поени пониско на годишно ниво.

Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка изнесувала 4,38%, со месечно и годишно намалување од 0,04 процентни поени. Кај новопримените депозити просечната камата бележи раст, и таа изнесува 2,54 5 и е повисока на месечно и на годишно ниво

Просечната каматна стапка на вкупните кредити кај домаќинствата се намалила на 5,02%, што е за 0,42 процентни поени помалку во споредба со лани. Кај новоодобрените кредити е забележан  месечен раст, при што каматната стапка достигнала 4,71%.

Просечната каматна стапка на депозитите на домаќинствата изнесувала 2,10%, додека кај новопримените депозити се зголемила на 2,74%, што претставува раст и на месечно и на годишно ниво.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намалила на 4,31%, додека кај новоодобрените кредити е регистриран благ раст на 4,25%. Просечната каматна стапка на депозитите на компаниите изнесувала 2,66%, а кај новопримените депозити пораснала на 2,20%.

 

Поврзани содржини