МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ГИ ЗАБРЗУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТУНЕЛ Договорена е динамика на активностите и обезбедување финансиска поддршка
На првиот состанок на работната група, што вчера се одржа во Софија е договорено да се воспостави јасна динамика на активностите, дефинирање на конкретни обврски на надлежните институции од двете земји, како и за продолжување на заедничките технички подготовки за изградба на тунелот.
Македонија и Бугарија ја интензивираат подготовката и изградбата на прекуграничниот железнички тунел.
На првиот состанок на работната група, што вчера се одржа во Софија е договорено да се воспостави јасна динамика на активностите, дефинирање на конкретни обврски на надлежните институции од двете земји, како и за продолжување на заедничките технички подготовки за изградба на тунелот.
На состанокот, како што информираа од Министерството за транспорт, двете страни ја потврдија својата посветеност за интензивирање на меѓусебната соработка и координација во сите фази од неговата реализација.
Договорено е следен чекор да биде и обезбедувањето финансиска поддршка и да се воспостави техничката координација.
Двете страни ја истакнаа важноста на Коридор 8 како еден од најзначајните европски транспортни коридори и ја потенцираа силната поддршка што Европската комисија ја обезбедува за неговата реализација.
Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот.
На состанокот учествуваа заменик- министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири и претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за одбрана, од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура како и од Железници Транспорт АД-Скопје.