Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, потврди дека годинава ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати.
Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август.
– Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас – пишува во дописот од Ѓоковиќ до Турнирот.
Триесет и деветгодишниот Србин последен пат се натпреваруваше во Синсинати во 2023 година. Тогаш во финалето го победи Шпанецот Карлос Алкараз (5:7, 7:6, 7:6) и ја освои својата трета титула на ова натпреварување по победите во 2018 и 2020 година.