ЗАТВОРЕНИЦИ ЌЕ ЈА ПОШУМУВААТ МАКЕДОНИЈА Потпишан договор меѓу „Македонски шуми“ и КПУ Затвор – Струмица

Во објавата не е наведено дали осудениците ќе може да бидат ангажирани и на гасење шумски пожари.

64

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица денеска потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој се предивдува ангажман на осудени лица во општокорисна работа, информира директорот на ЈП „Македонски шуми“ Кире Михајлов на својот профил на Фејсбук.

„Со меморандумот е предвидено осудените лица да бидат вклучени во пошумување, расчистување, како и во други активности од областа на шумарството, со цел да се придонесе за јавниот интерес и заштитата на природата“ – информира Михајлов.






Во објавата не е наведено дали осудениците ќе може да бидат ангажирани и на гасење шумски пожари.

Претходно, од 16 до 22 јули осуденици од КПД „Идризово“, КПД Штип, КПД Прилеп, како и од КПУ Скопје, Куманово, Битола, Гевгелија, Струмица и Струга, учествуваа во седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ Македонија.

Од ЈП „Македонски шуми“ оценуваат дека оваа соработка ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните и ќе придонесе за поефикасно спроведување на активностите во шумарскиот сектор.

>

Поврзани содржини