ЗЕЛЕНСКИ МУ ПРЕНЕСЕ НА МАКРОН ЗА ШТО РАЗГОВАРАЛ СО ТРАМП Му понудил помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција

Детално разговаравме и за подготовките за зимата - пакетите за снабдување за воздушна одбрана и енергијата што ни се потребни, а Франција ќе работи на наоѓање решенија за поддршка на Украина, објави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

74

Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон.

Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и во американскиот Сенат, во врска со тековниот конфликт со Русија.






„На пат од Вашингтон, имав разговор со претседателот Макрон. Го информирав Емануел за деталите од состаноците во Белата куќа и во Сенатот на САД, како и за перспективите што постојат во дипломатијата во моментов. Треба да ја искористиме секоја можност што може да нè доближи до мирот и ги координиравме нашите можни следни чекори. Ви благодарам за вашата подготвеност да помогнете и да вложите сите потребни напори“, објави Зеленски на Икс.

Украинскиот претседател додаде дека за време на разговорот Макрон го спомнал прашањето за пожарите во Франција.

„Емануел ми раскажа за масовните пожари во Франција. Украина е секогаш подготвена да им помогне на оние што ни помагаа во текот на овие години од нашата борба против руската агресија. Ѝ понудив помош на Франција. Нашите специјалисти можат да се приклучат во напорите за гаснење на пожарите. Детално разговаравме и за подготовките за зимата – пакетите за снабдување за воздушна одбрана и енергијата што ни се потребни. Франција ќе работи на наоѓање решенија за поддршка на Украина“, објави Зеленски.

ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ЛИЦЕНЦИ ЗА РАКЕТИТЕ ПАТРИОТ Можна обнова на дипломатските напори за мир во Украина

Поврзани содржини