ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 41 СТЕПЕН Топлотниот бран ќе трае десетина дена

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за високи температури за целата територија на Македонија во наредните денови.

270

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за високи температури за целата територија на Македонија во наредните денови.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.






Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе изнесува 13 степени, а се очекува во Маврово и во Крива Паланка. Најтопло ќе биде во Велес, каде ќе се искачи до 39 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје утре ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. температурата ќе се движи од 16 степени наутро, до 36 во текот на денот.

Во следните денови под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време.

Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.

 

Фото: УХМР
Поврзани содржини