НА „БОГОРОДИЦА“ СЕ ЧЕКА ОКОЛУ 15 МИНУТИ Нема долги колони на границата со Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а АМСМ апелира на внимателно возење поради можни одрони на неколку патни правци.

79

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утринава се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според последните информации, зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 15 минути.






На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.

Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини