КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА АГРЕСИВНИОТ ТАТКО ОД КУМАНОВО Заврши во Демир Хисар по објавата на видеото, сега и кривично ќе одговара

Агресивниот татко чија приказна беше обелоденета од неговата ќерка на Инстаграм, сега се товари за загрозување на сигурноста. По последниот инцидент бил пренесен во Психијатриската болница во Демир Хисар.

289

Таткото за кого неговата ќерка Меланија Цветковска јавно тврдеше дека со години го држи семејството во страв, сега доби кривична пријава за загрозување на сигурноста. МВР соопшти дека 56-годишниот кумановец подолг период вршел психичко и физичко насилство врз своите најблиски.

На 11 јули психички ја малтретирал сопругата и се обидел физички да ја нападне. По инцидентот бил пренесен во Психијатриската болница во Демир Хисар.






Во полициското соопштение се наведува дека насилството траело подолг период и било насочено кон повеќе членови на семејството.

Случајот предизвика силни реакции откако неговата ќерка, физиотерапевтката Меланија Цветковска, објави видео на социјалните мрежи и побара помош од институциите велејќи дека во Демир Хисар татктото нејќеле да го примат ниту со врски.

– Не барам никој да ме сожалува, туку помош од институциите – порача Цветковска во видеото кое брзо се прошири на социјалните мрежи.

Според нејзиното сведоштво, во домот живеат три жени и нејзиниот брат со церебрална парализа. Таа тврдеше дека семејството со години било изложено на закани и на насилство.

Според сведоштвото на семејството, обидите за хоспитализација со години завршувале без успех. Тие тврдат дека не можат да го напуштат домот поради братот на Меланија Цветковска, кој користи инвалидска количка, додека таткото одбивал развод и заминување од куќата.

Место во Психијатриската болница во Демир Хисар беше обезбедено дури по јавното објавување на видеото на Инстаграм и написите во медиумите.

НЕ ГО СМЕСТИЛЕ АГРЕСИВНИОТ ТАТКО НИТУ СО ВРСКИ! Кумановка мораше да се обрати на Инстаграм за да биде слушната од државата

 

Поврзани содржини