РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Над 4.100 лица загинаа во катастрофалните земјотреси

Властите соопштија дека бројот на загинати достигнал 4.118, додека речиси 18.000 лица останале без домови по двата силни земјотреса што ја погодија земјата.

35

Бројот на загинати во двата катастрофални земјотреса што ја погодија Венецуела се искачи на 4.118, соопшти претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез.

Според официјалните информации, во земјотресите што ја погодија земјата на 24 јуни се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови.






Двата силни потреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, најтешко ги погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира.

По главните потреси биле регистрирани повеќе од 600 последователни земјотреси со помал интензитет, што дополнително ги отежнало спасувачките операции и ја зголемило неизвесноста кај населението.

Надлежните институции продолжуваат со расчистување на урнатините, потрага по евентуално преживеани и обезбедување помош за илјадниците семејства кои останаа без покрив над главата.

Поврзани содржини