📽️ ПРВАТА ЛИНИЈА ОД ГРАДСКИОТ ВОЗ ТРЕБА ДА БИДЕ ПУШТЕНА ДО 1 СЕПТЕМВРИ Заврши реконструкцијата на пругата од Драчево до Илинден

Министерот вели дека очекува од 1 септември да биде пуштена првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје. Тој го пофали ЈП Железница Инфраструктура за брзата реализација и најави дека по тест периодот и техничкиот прием за дваесетина пругата ќе ја користат и карго возовите, што ќе придонесе за бизнисот, но и за намалувањето на загадувањето во Скопје.

67

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден, информираше министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во видео.

Николоски истаккна дека со ова се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Николоски заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење.






По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

 

– Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје. Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје – вели министерот и вицепремиер.

Николоски истакнува дека ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура и кој е завршен во максимално брз рок.

– Во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт – вели тој.

Министерот вели дека очекува од 1 септември да биде пуштена првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје.

Поврзани содржини