📽️ ФРЛАЛ ВРЕЌИ ВО РЕКА ПЕНА, ГО ФАТИЛЕ ОТКАКО СЕ ПРОШИРИ СНИМКА Тетовец го призна делото во полиција
Полицијата го пронашла 54-годишниот тетовец по снимка објавена на интернет. Во службен разговор го признал делото, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Тетовската полиција приведе 54-годишен жител на градот, осомничен дека фрлал вреќи со отпад во реката Пена. Случајот беше откриен откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како лице од патничко возило исфрла отпад во коритото на реката.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 18 часот, на улицата Љубо Божиновски Пиш во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С. (54) од Тетово.
По објавата на видеото, полицијата презела мерки за идентификација на лицето и возилото. Станува збор за автомобил „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, кој бил снимен во близина на улицата Видоје Смилевски-Бато.
Од МВР наведуваат дека осомничениот бил пронајден и во службен разговор го признал делото.