РЕАЛИЗИРАМЕ ПРОЕКТИ ШТО ЗНАЧАТ ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА ГРАЃАНИТЕ Мицкоски на увид на реконструиран канал во Драчево

На овој начин практично ние реализираме или вкупно ќе бидат реализирани повеќе од 1.200 проекти, нешто што досега се нема случено во независна Македонија – рече Мицкоски.

91

Можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води, коишто во услови кога можат да надојдат, тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа со овој проект ние практично го решаваме тој проблем за да повеќе не ни се случува – рече Мицкоски на увид во завршената изградба на канал и пешачка патека на реката Мала Рада, во Драчево, како и во реконструкцијата на коритото и изградбата на потпорни ѕидови.

Проектот опфати темелна рехабилитација на дното и бетонските профили на коритото, довршување на венецот на потпорните ѕидови, како и уредување на потегот во должина од 2.5 километри пред вливањето во реката Вардар. Дополнително, долж левата страна на реката е изградена нова пешачка патека, збогатена со нова урбана опрема, клупи и модерно осветлување. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 58.000.000 денари, реализирана во две фази и целосно финансирана со средства од Владата на Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање.






– Би сакал да и честитам на градоначалничката, на советниците, на администрацијата коишто се од Кисела Вода, на сите коишто беа вклучени во организирањето на овој проект. Проектот, како што заменик-министерката во МЖСПП веќе кажа, е обезбеден со средства од страна на Владата и понатаму продолжуваме да финансираме проекти коишто се од значење за граѓаните во периодот којшто следи.

Исто така сакам да се заблагодарам на сите коишто се вклучени во реализација на овие проекти, затоа што на овој начин практично ние реализираме или вкупно ќе бидат реализирани повеќе од 1.200 проекти, нешто што досега се нема случено во независна Македонија.

Најголемиот дел од тие проекти се во фаза на реализација, дел се веќе завршени, дел ќе отпочнуваат така што она коешто го започнавме кога бевме избрани како Влада еве продолжуваме да го реализираме и ценам дека на овој начин драматично го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните – рече Мицкоски.

Поврзани содржини