„ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРСКИОТ МАНДАТ СЕ ВРАЌАМ НА ФАКУЛТЕТ“ Мицкоски вели дека нема намера да се кандидира за претседател

Премиерот Мицкоски рече дека се шират шпекулации оти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа по електронски пат бил поврзан со негова наводна претседателска кандидатура.

196

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година и порача дека по завршувањето на премиерскиот мандат ќе се врати на факултет.

Изјавата ја даде во контекст на разговорите за новиот Изборен законик, при што рече дека се шират шпекулации оти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа по електронски пат бил поврзан со негова наводна претседателска кандидатура.






– Еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција, ниту желба. Само нека овозможат дијаспората да го оствари своето право на глас по електронски пат почнувајќи од следните претседателски избори – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати сите барања на СДСМ и на Левица во однос на Изборниот законик, освен барањето да не се воведе електронско гласање за иселениците.

Мицкоски упати критики кон политичките партии кои, како што рече, „едно зборуваат зад завеса, а друго прават пред завеса“.

Според него, црвената линија за ВМРО-ДПМНЕ останува овозможувањето дијаспората по електронски пат да гласа на претседателските избори во 2029 година.

Поврзани содржини