АГОН ФЕРАТИ ЌЕ ДОЈДЕ НА МЕСТОТО НА СТОИЉКОВИЌ Кои ресори ќе ги раководи Вреди по реконструкцијата
За министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, за правда Јетон Шасивари, а Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања.
Со најавената реконструкција на Владата, партијата Вреди ги презема министерствата за правда, за култура и туризам, и за односи меѓу заедниците, а на партијата ѝ остануваат и секторите животна средина, европски прашања и економија и труд.
Според информациите, Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, додека функцијата вицепремиер за добро владеење, која досега ја извршуваше Арбен Фетаи, се укинува. Надлежностите од оваа област ќе бидат преземени од кабинетот на премиерот.
Со реконструкцијата, Вреди ќе ги преземе Министерството за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците.
За министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во истиот ресор. Министерството за односи меѓу заедниците ќе го раководи Агон Ферати, додека за нов министер за правда е предложен професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари, кој ќе го наследи Игор Филков.