ОПЕК СЕ СИТНИ Ирак се закани дека ќе излезе од Организацијата на извозници на нафта
Ирак бара да му се зголемат квотите за производство.
Ирак би можел да размисли за напуштање на ОПЕК доколку неговата квота за производство на нафта не биде значително зголемена.
Ирачкото Министерство за нафта соопшти дека Багдад сè уште не донело одлука за повлекување од ОПЕК, но рече дека земјата ќе биде принудена да ги разгледа сите достапни опции доколку нејзиното барање за повисока квота не биде прифатено.
– Ирак ќе биде принуден да ги разгледа сите достапни опции доколку неговата квота во рамките на ОПЕК не биде значително зголемена – изјави висок функционер на ирачкиот нафтен сектор.
Некои ирачки претставници веќе ја разгледале можноста за напуштање на организацијата, но моменталната позиција на Багдад е да остане член на ОПЕК и да продолжи да бара зголемување на дозволеното ниво на производство во рамките на тој формат.
Ирак е еден од основачите на ОПЕК и еден од најголемите производители на нафта во рамките на организацијата, поради што евентуалното напуштање на блокот би претставувало силен удар врз единството на групата, која со децении се обидува да влијае на движењето на цените на нафтата преку договорени квоти за производство.
Обединетите Арапски Емирати претходно одлучија да ги напуштат ОПЕК и ОПЕК+, а таа одлука стапи на сила на 1 мај.
Доколку Ирак се придружи на тој пример, организацијата ќе се соочи со еден од најсериозните предизвици во последните години.