СЛАВЕСКИ БАРА ПОГОЛЕМА НАДЛЕЖНОСТ НА НАРОДНА БАНКА ВРЗ БАНКАРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ Гувернерот очекува банките да се повлечат од најавените повисоки провизии

Гувернерот на Народна банка информира дека од трите големи и една средна банка која најавија зголемување на провизиите, една голема банка веќе ја одложила примената на ваквата одлука за два месеца за да ги преиспита евентуалните последици од имплементацијата на одлуката. 

37

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески се надева дека банките што најавија зголемување на провизиите ќе ги преиспитаат ваквите одлуки и ќе им излезат во пресрет на граѓаните, а за надминување на ваквите ситуации во иднина предложи  да ѝ се даде поголема надлежност на Народната банка во регулацијата на надоместоците што ги наплаќаат банките.

Вакви примери, според Славески, има во држави во опкружувањето и во светот.






Славески рече и дека се во тек разговори со Македонската банкарска асоцијација за проширување на функциите од т.н. платежни сметки за основни функции.

На вчерашната собраниска седница за пратенички прашања, Славески рече дека негов личен став е дека не постои оправданост за зголемување на провизиите.

– Мислам дека банките ќе одговорат на она што е сентимет во јавноста. Сепак, станува збор за една есенцијална услуга, услуга која е јавна корист. Имено, банките се во привилегирана положба во однос на другите вршители на платен промет затоа што според закон сите исплати на плати, на пензии, плаќањата на данокот на доход, одат преку трансакциските сметки што се во банките. Секако треба ова да го имаат предвид – рече Славески.

Тој информира дека од трите големи и една средна банка која најавија зголемување на провизиите, една голема банка веќе ја одложила примената на ваквата одлука за два месеца за да ги преиспита евентуалните последици од имплементацијата на одлуката.

Поврзани содржини