АДВОКАТКА НАЈДЕНА МРТВА ВО СВОЈАТА КАНЦЕЛАРИЈА Кумановски лекари констатирале смрт, телото дадено на обдукција
Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на 66-годишната кумановка, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово вчера била пронајдена почината во својата адвокатска канцеларија, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 23.06.2026 во 12:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово“, соопшти полицијата.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Од полицијата засега не соопштуваат повеќе детали за случајот.