ДА НЕ ВИ ПРЕЧИ ТОА ШТО ТОШКОВСКИ ЗАПЛЕНИ МНОГУ КОКАИН, ТРОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНО? Пратеникот Сајкоски во одбрана на министерот за внатрешни

Во расправата за аинтерпелацијата Сајкоски рече дека Тошковски е човек кој се бори да ја направи државата побезбедна, а криминалците понервозни.

146

Кому му пречи што има ред во државата, што нема проблеми со патните исправи, што се разбиени 30 организирани криминални групи, што се запленети 300% повеќе кокаин од она што било претходно во време на СДСМ – ги праша пратениците на опзицијата пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска расправа за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од партијата Левица.

– Денеска, со поднесената интерпелација од страна на опозицијата или барањето за смена на министерот на МВР, се наметнува едно едноставно прашање кое треба да го знае јавноста кога вака се поднесуваат интерпелации: треба право да се знае зошто се бара смена и втора работа, дали треба да се бара смена за оние кои работат, оние кои се посветени дали треба да се напаѓа оној кој се труди да работи и што има резултати што е отчетен пред јавноста – рече Сајкоски.






Тој рече дека Тошковски е човек кој се бори да ја направи државата побезбедна, а криминалците понервозни.

– Јас гледам дека голем дел од нашите колеги кои се од опозицијата денес се понервозни како и криминалците. Зошто да се бара смена за човек кој од прв ден суштински се посвети да ги решава проблемите? За денес да кажеме дека Македонија е побезбедно место за живеење. Дека Македонија денес нема влез на криминалци туку криминалците гледаат да не бидат тука. Кога зборуваме за Панче Тошковски треба да знаеме и каква катастрофа наследи министерот, хаос на улиците, катастрофа наследи во институциите. Со доаѓањето на власт прв и основен проблем беа пасошите, меѓутоа тоа се реши – нагласи Сајкоски.

Сајкоски истакна дека пред две години управните служби биле во хаотична состојба, нереконструирани, а денес се реконструирани, модерни и европски служби.

– Фактите и аргументите укажуваат дека сегашниот министер на МВР пристапил кон решавање на проблемите и направи нови управни служби во неколку места како Шуто Оризари, Сарај, Липково, Желино, Долнени и така натаму. Набавил и ставил во функција машина за лични карти и возачки дозволи за граѓаните да можат навреме да добиваат документи, што пред неколку години беше невозможна мисија – кажа Сајкоски.

Сајкоски ги наброја успесите на МВР под раководство на Тошковски и праша кому тоа му пречи.

– Разбиени се 30 организирани криминални групи од кој најголем дел се од областа на трговија со дрога. Сузбиени се 11 организирани криминални групи кои правеле меѓународен транспорт. Откриени се над 1.600 кривични дела за кои кривично се пријавени 1.900 сторители во кои се запленети 6,2 тони разновидна наркотична дрога. Запленети се 300% повеќе кокаин од она што било запланувано претходно. Дали некому му пречи ова? Дали пречи редот во државата? Заплената на оружје е зголемена за 60%. Ќе се отвори ново полициско училиште кое било затворено пред 26 години. И тоа да не пречи некому? Дали пречи што се работи – праша Сајкоски.

Поврзани содржини