ВМРО-ДПМНЕ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА ГО ОСУДИ ДИПЛОМАТСКИОТ СКАНДАЛ НА БУГАРИЈА Молк од СДСМ наместо осуда за нарушената безбедност на семејството на премиерот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци.

149

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски побара претседателот на СДСМ Венко Филипче да го осуди објавувањето на дипломатската нота со податоци за престојот на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија.

– Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на семејството на премиерот Мицкоски. Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја, направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски. Во документот за којшто сè уште нема извинување од официјална Софија, објавен на социјалната мрежа Фејсбук, јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирало обезбедувањето – рече Петрушевски.






Овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци, додаде тој.

– И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не нè признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев. Македонија нема да се предаде и откаже. Ваквите притисоци и уцени од соседна Бугарија ни даваат само поголем мотив на чесен, достоинствен и исправен начин да се трудиме да бидеме дел од европското семејство – рече Петрушевски.

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ВО СКОПЈЕ БИЛ ИТНО ПОВИКАН ВО МНР ПОРАДИ ПРОТЕЧЕНАТА НОТА Скопје бара темелна истрага за тоа како патувањето на сопругата и синот на Мицкоски се нашло во јавноста

Поврзани содржини