СО ЗАКОНИТЕ ШТО СЕ НОСАТ ВО СОБРАНИЕТО СЕ МЕНУВА СЛИКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА Во постапка се измени на законот за оружје, за јавнообвинителска служба, за царински тарифи…
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова вели дека законите коишто се носат во овој момент, се дел од реформската агенда, но дел и од програмата на Владата, од кои општеството има потреба, а тоа е најважно.
Бројните закони коишто се носат во Собрание, а коишто се дел од реформската агенда, се закони кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните – рече Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш”.
Таа додаде дека исплатените средства од страна на реформската агенда претставуваат признание дека ЕУ гледа дека државата има капацитет и е способна да исполни.
– Законите коишто ние ги носиме во овој момент, коишто се дел од реформската агенда, но дел и од програмата на Владата, се закони кои општеството има потреба за нивно носење, тоа е најважно. Ние со факти и аргументи се бориме и затоа сме изморени да им се докажуваме на нашата опозиција кога зборуваат дека ништо не работиме. Ако ЕУ не вреднува позитивно, ако граѓаните не вреднуваат позитивно, ако отвориме Државен завод за статистика и ги погледнеме бројките, ако во исто време имаме пет автопати коишто се градат, ако гледаме дека се градат болници, се спасуваат животи, тогаш сфаќаме дека ние можеби не можеме да се промениме како држава преку ноќ, но работиме со засилено темпо, за да оствариме што е можно повеќе – децидна е Панова.
Панова истакна дека голем дел од законите коишто се дел од реформската агенда се веќе во собраниска процедура, а дел од нив веќе се донесени.
– Денес имавме последна расправа за Законот за оружје, којшто е дел од реформската агенда, на која што беа прифатени одредени амандмани, законите за јавнообвинителска и судска служба исто така се во собраниска процедура, истите се дел од реформската агенда, на нив има одредени забелешки, истите се поврзани со финансиски средства, но во исто време ќе направиме да се подобрат истите и да ги донесеме во исто време – посочи Панова.
Панова додаде дека во Собрание истовремено се носат и закони коишто не се дел од реформската агенда, но се потребни за граѓаните. Таа истакна дека Законот за царински тарифи за првпат се намалува царината на репроматеријалите и претставува директна поддршка за производителите.