СУДОТ ВО СТРАЗБУР ОДЛУЧИЛ ДЕКА АБОЛИЦИИТЕ НА ИВАНОВ БИЛЕ НЕЗАКОНСКИ Државата со право ги поништила

На 12 април 2016 година тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов даде аболиција на над 50 осомничени лица, меѓу кои и за лица што беа под истрага на згаснатото Специјално јавно обвинителство.

878

Судот за човекови права во Стразбур не ја признава аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година, а која се однесуваше на осомничените од поранешното Специјално јавно обвинителство и одлучи дека државата со право ја поништила.

Од одлуката која Европскиот суд ја објави денеска, се заклучува дека државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа, во време на политичка криза.






„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: немало повреда на член 6 став 1 (право на фер судење) од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, пишува во одлуката на судот во Стразбур.

На 12 април 2016 година тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов даде аболиција на над 50 осомничени лица, меѓу кои и за лица што беа под истрага на згаснатото СЈО. Можноста да даде аболиција тој ја црпеше од одлука на Уставниот суд, кој ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11 од Законот за помилување, со кој беше укината можноста претседателот да дава аболиција без правна процедура. Ова укинување му даде можност на претседателот на дравата да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите.

 

 

 

Поврзани содржини