ГОРАТ ТРИ ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Активни пожари кај Пробиштип, Свети Николе и кај Богданци

Центарот за управување со кризи соопшти дека до попладневните часови се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои три остануваат активни.

0

Центарот за управување со кризи информира дека до 15:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни, додека два се целосно изгаснати.

Активни се пожарите кај пробиштипското село Петршино, каде што гори ниска вегетација, на потегот меѓу светиниколските села Делисинци и Сарамзалино, каде што е зафатена ниска вегетација, како и покрај локалниот пат Богданци – Стојаково, каде што исто така гори ниска вегетација.






Изгаснати се пожарите во Општина Ранковце, кај селото Вржогнци, каде што биле зафатени автомобил и стрниште, како и во Општина Сарај, кај селото Грчец, каде што горела ниска вегетација.

Поврзани содржини