ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР И ТРГОВИЈАТА ГО ЗГОЛЕМИЈА ДРЖАВНИОТ ПРОСЕК НА ПЛАТИ Во април е исплатена просечна нето-плата од 48.779 денари

Споредбата со ланската просечна нето-плата во април покажува зголемување од 7,3%.

40

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7,3 %, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27%, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9,2%.






Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 20,1%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,1% и Административни и помошни услужни дејности за 2%.

Бруто-платата во април 2026 година изнесуваше 73 366 денари

Поврзани содржини