📽️ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ КАКО 11-ГОДИШНИ ДЕВОЈЧИЊА Српската полиција уапси шест педофили
Во голема меѓународна полициска акција во Србија се уапсени шест лица, меѓу кои и странски државјанин, поради сомнение за ширење и поседување детска порнографија преку лажни профили на социјални мрежи.
Шест лица се уапсени во голема меѓународна полициска акција спроведена во Србија, под сомнение за кривични дела поврзани со прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетници за порнографски цели.
Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, осомничените се претставувале како малолетни девојчиња и преку лажни профили на социјалните мрежи воспоставувале комуникација со други лица, претставувајќи се како нивни врсници.
Меѓу уапсените се К.Б. (41), државјанин на Русија, Д.В. (63) од Нови Сад, А.М. (51) од Зрењанин, Д.Р. (49) од Алексинац, С.Ф. (32) од Бор и Н.Т. (47) од Велика Плана.
Како што наведуваат надлежните, осомничените подолг временски период преземале, складирале и дистрибуирале содржини поврзани со експлоатација на деца за порнографски цели преку интернет.
Од МВР додаваат дека акцијата е дел од поширока меѓународна соработка насочена кон сузбивање на онлајн злоупотребата на малолетници, а истрагата за случајот продолжува.