НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ФИЛИПЧЕ Лидерот на СДСМ создава простор за прифаќање на бугарските позиции

Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

44

Венко Филипче отворено покажува дека е подготвен да оди и чекор подалеку од својот претходник Зоран Заев кога станува збор за исполнување на бугарските барања, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Додека Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче им објаснува на граѓаните дека нема причина за загриженост, затоа што за него националното предавство не е никаков проблем. Наместо да ги осуди ваквите бугарски позиции, тој ги релативизира и создава простор за нивно прифаќање – рече Петрушевски.






За Филипче, додаде тој, нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт.

– Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма. Очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции – потенцира Петрушевски.

Граѓаните веќе еднаш ја платија цената на политиките на СДСМ и на Заев, додаде тој.

– ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволат истото сценарио повторно да се реализира преку Венко Филипче. Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини