ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ РЕЧИСИ ЗАСПАВ, ВО ВТОРОТО ЕПТЕН! Ибрахимовиќ брутално го „исече“ мечот Белгија – Иран

Легендарниот Швеѓанец го нарече натпреварот меѓу Белгија и Иран успиванка. Претходно тој оцени дека САД имаат реални шанси да станат светски шампиони на домашниот Мундијал.

182

Златан Ибрахимовиќ без двоумење го оцени натпреварот меѓу Белгија и Иран како еден од најздодевните на Светското првенство. По ремито без голови, славниот Швеѓанец призна дека речиси заспал уште во првото полувреме.

Во второто, како што самиот рече, веќе н емал сила да се бори со сонот.






„Нема многу што да се каже“

Средбата во Инглвуд заврши без голови, 0:0, а играта очигледно не го импресионирала поранешниот напаѓач на Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

– Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар – изјави Ибрахимовиќ за Фокс.

Белгија и Иран со ремито ги оставија отворени пресметките во групата пред последното коло.

Ибрахимовиќ е дел од студискиот тим на „FOX Sports“ за Мундијалот и настапува како ТВ-аналитичар и стручен коментатор заедно со имиња како Тјери Анри, Алекси Лалас, Кларенс Сидорф и други.

Од критика до голема прогноза

Претходно, Ибрахимовиќ излезе со многу пооптимистичка порака кога зборуваше за селекцијата на САД.

По победата од 2:0 над Австралија, која им обезбеди место во нокаут фазата на Американците, Швеѓанецот оцени дека САД можат да стигнат до самиот врв.

– Можат ли да станат светски шампиони? Да. Ако не верувавте, почнете да верувате. Тие ја имаат земјата зад себе и кога имате таква поддршка, тешко е да ги победите – рече Ибрахимовиќ.

САД добиваат сè поголема поддршка

Според него, домашниот терен може да биде огромна предност за тимот на Маурисио Покетино.

– Тие играа добро, иако да бидам искрен, Австралија не беше голема закана – додаде Златан.

САД со двете победи против Парагвај и Австралија испратија силна порака дека немаат намера да бидат само домаќини на турнирот.

Поврзани содржини