ТРАМП ЈА НАЈАВИ ОСТАВКАТА НА СТАРМЕР „Тој доживеа катастрофален неуспех по две многу важни прашања“
Во врска со енергијата, американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неуспехот на британскиот премиер Кир Стармер бил во тоа што не го отворил Северното Море за поголемо производство на нафта.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на социјалната мрежа Трут Соушл објави дека британскиот премиер Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата, обвинувајќи го за неуспех со неговата политика за имиграција и за енергија.
„Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство. Тој доживеа катастрофален неуспех по две многу важни прашања – имиграцијата и енергијата“, напиша Трамп.
Во врска со енергијата, Трамп во својот пост вели дека неуспехот на Стармер бил во тоа што не го отворил Северното Море за поголемо производство на нафта.
Трамп постојано ја повикува Велика Британија да го отвори Северното Море за експлоатација на нафта, наместо да користи ветерници.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат во време кога Стармер размислува дали да се повлече, по зголемените повици за негова оставка.
Трамп и Стармер последен пат се видоа на состанокот на Г7 во Франција, но не одржаа билатерална средба.
Стармер изјави дека тој и Трамп „се согласуваат навистина добро“ кога новинарите на самитот на Г7 го прашаа зошто немале тет-а-тет средба.
Првично пријателскиот однос на британскиот премиер со американскиот претседател значително се влоши во последните месеци.
Тензиите се зголемија по одбивањето на Стармер да им дозволи на американските сили да ги користат базите на Кралските воздухопловни сили во почетниот бран напади врз Иран.
Минатата недела, Стармер објави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години, што не наиде на одобрување кај администрацијата на Трамп.