ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 8.000 ДЕНАРИ ЗА 2 ГОДИНИ Примањата растат побрзо од цените
Во март 2024 година просечната нето-плата изнесуваше 40.496 денари, додека во март 2026 година достигна 48.433 денари, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
Официјалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст – во март 2024 година просечната нето-плата изнесуваше 40.496 денари, додека во март 2026 година достигна 48.433 денари, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
– Тоа значи дека за 2 години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти. Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти. Тоа значи дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните – рече Стојановски.
Растот е присутен во сите клучни сектори, додаде тој.
– Најголемо зголемување во апсолутен износ има во информациите и комуникациите, транспортот и складирањето и во рударството. Процентуално, највисок раст има во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и во образованието. Овие бројки се потврда дека економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените растат. Нашата цел останува јасна: платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард – рече пратеникот Стојановски.