ПРИСТИГНА ДОЛГОТО ТОПЛО ЛЕТО Денеска е најдолгиот ден во годината

Летото во Македонија почна со високи температури, а во наредниот период се очекуваат и првите поизразени топлотни бранови карактеристични за овој дел од годината.

221

Денеска почнува летото на северната Земјина полутопка. Со летната долгодневица на 21 јуни, Земјата го достигнува моментот кога Северниот Пол е најмногу наклонет кон Сонцето, што го прави овој ден најдолг во годината.

Во Македонија денот на летниот солстициј ќе трае околу 15 часа и 15 минути.






По денешниот ден, деновите постепено ќе почнат да се скратуваат.

Астрономското лето ќе трае до 22 септември, кога ќе настапи есенската рамнодневица.

Според метеоролозите, летото во Македонија почна со високи температури, а во наредниот период се очекуваат и првите поизразени топлотни бранови карактеристични за овој дел од годината.

 

Поврзани содржини