ТОВАРЕН ВОЗ ПАДНА ОД МОСТ ВО МИНХЕН Два вагона излетале од шините, едно лице повредено

110

Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА.

Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот.






Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за населението во околината.

Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат главно товарни возови, изјави портпаролот на германската железничка компанија Дојче Бан.

Причините за несреќата се истражуваат.

Поврзани содржини