📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ГО ЧЕКАЛЕ СО ЦВЕЌИЊА И МЕЧИЊА, ПА ГО ЕГЗЕКУТИРАЛЕ ПРЕД АЕРОДРОМ Тинејџери ладнокрвно ликвидираа мафијашки бос во Еквадор

Двајца тинејџери, преправајќи се дека чекаат патници со цвеќиња и кадифени играчки, го застрелале Карлос Алберто Суастеги Вилануева пред аеродромот во Гвајакил, додека полицијата веднаш потоа ги привела осомничените.

359

Познат член на една од најопасните криминални групи во Еквадор е убиен пред аеродромот во градот Гвајакил, откако двајца тинејџери, преправајќи се дека чекаат патници со цвеќиња и кадифени играчки, ладнокрвно го застрелале пред десетици сведоци.

Жртвата е 39-годишниот Карлос Алберто Суастеги Вилануева, кого еквадорските власти го поврзуваат со криминалната организација „Лос Агилас“, која е означена како терористичка група поради вмешаност во трговија со дрога, изнуда и други тешки кривични дела.






Според информациите објавени од Би-Би-Си, ликвидацијата се случила пред терминалот за пристигнувања на аеродромот во Гвајакил и предизвикала вистинска паника меѓу патниците и вработените.

Безбедносните камери го снимиле целиот напад. На снимките се гледаат двајца тинејџери како стојат пред терминалот држејќи цвеќиња и кадифени играчки, оставајќи впечаток дека чекаат некого да пристигне.

Во еден момент, едниот од нив му се приближува на Суастеги, вади пиштол скриен зад кадифено мече и пука од непосредна близина. Додека жртвата паѓа на земја, вториот тинејџер се приближува и испукува уште еден куршум, по што двајцата бегаат од местото на нападот.

Според локалните медиуми, присутните патници во паника почнале да бегаат и да бараат засолниште, стравувајќи дека станува збор за поширок вооружен напад.

 

Во инцидентот бил повреден и случаен минувач.

Полицијата веднаш започнала потрага по напаѓачите и кратко време по убиството уапсила двајца тинејџери кои се осомничени за извршување на ликвидацијата.

Терминалот за пристигнувања бил затворен повеќе од два часа додека траел увидот и собирањето докази од местото на злосторството.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista Vistazo (@revistavistazo.ec)

Убиството се случува во период кога Еквадор се соочува со драматично влошување на безбедносната состојба. Земјата, која се наоѓа меѓу Колумбија и Перу – најголемите светски производители на кокаин – во последните години стана една од главните рути за шверц на дрога кон САД и Европа.

Само еден ден пред ликвидацијата, претседателот Daniel Noboa повторно прогласи вонредна состојба во десет провинции, меѓу кои и Гвајас, поради ескалацијата на насилството поврзано со организираниот криминал.

Поврзани содржини