ШАКИРА НА ДЕЈТ СО ПОЗНАТ МЕКСИКАНСКИ АКТЕР Пејачката и Мануел Гарсија-Рулфо предизвикаа сомнежи за потенцијална нова романса

Според очевидци, латинопејачката и актерот биле „во исклучително добро расположение, насмеани и во лежерни, црни комбинации за пригодата“, по што заедно заминале со неговиот автомобил.

392

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира повторно го привлече вниманието на светските медиуми откако беше забележана во американската сојузна држава Калифорнија, со мексиканскиот глумец Мануел Гарсија-Рулфо, предизвикувајќи сомнежи за потенцијална нова романса.

Фотографиите објавени ексклузивно од платформата „Думоа (DeuxMoi)“, покажуваат како двојката заедно го напушта ексклузивниот хотел „Сансет тауер (Sunset Tower)“ во Лос Анџелес. Според очевидци, латинопејачката и актерот од популарната серија на Нетфликс – „Адвокатот на Линколн“, биле „во исклучително добро расположение, видливо насмеани и во лежерни, црни комбинации за пригодата“, по што заедно заминале со неговиот автомобил.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)

Средбата се случила за време на кратката пауза од светската турнеја на Шакира – откако таа одржа два големи концерти во Лос Анџелес минатата недела.

 

Интересно е што овие фотографии се појавија само неколку дена откако Шакира отворено проговори за својот емотивен живот по бурната разделба со шпанскиот фудбалер Жерар Пике во интервју за списанието „Пипл (People)“. Пејачката во таа прилика изјави дека во мигов не размислува за нови врски.

Од друга страна, пак, 45-годишниот глумец неодамна се најде во средиштето на вниманието поради раскинувањето со Одри Мекгроу – ќерката на познатите музички ѕвезди Тим Мекгроу и Фејт Хил.

Покрај фотографиите, на интернет кружи и видеоснимка каде што Шакира и Мануел танцуваат во ресторан во Западен Холивуд.

Поврзани содржини