МАКЕДОНИЈА Е ВО ПЕТТЕ НАЈУСПЕШНИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП Владата посветено работи за подобрување на економскиот стандард
Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Македонија со ова темпо, со постојана работа, со постојано залагање, станува модерна држава во која што секој би посакал да живее.
Последните две години откако ВМРО-ДПМНЕ ја формираше оваа Влада, покажа дека може поинаку, дека знаеме како треба – истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за МРТВ, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан кој вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска”.
Јанушев нагласи дека Владата работи за подбрување на економскиот стандард, што резултира со успехот за неполни две години да бидеме во петте најуспешни економии во Европа, во првите пет по БДП.
– Македонија ја гледаме во ЕУ, ја гледаме како развиена, успешна држава. Она што веќе го правиме и го најавуваме, се градат мостови, се градат патишта, се градат училишта, градинки, здравствени домови, болници, се подобрува економскиот стандард. Во овој период, успеавме за неполни две години да бидеме во петте најуспешни економии во Европа, во првите пет по БДП, успеавме да реализираме рекорден број на странски инвестици, повеќе од 1,2 милијарди евра. Со ова темпо, со постојана работа, со постојано залагање, ја гледаме како модерна држава во која што секој би посакал да живее – рече Јанушев.