ВРАБОТЕН ВО ЕВН ПРОНАЈДЕН МРТОВ Работник починал за време на извршување службени задачи

Педесет и двегодишниот маж од Крива Паланка бил пронајден без знаци на живот додека извршувал работни задачи во атарот на селото Огут.

405

Педесет и двегодишен вработен во ЕВН го загубил животот додека бил на работна задача во атарот на кривопаланечкото село Огут, информира полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 јуни околу 13 часот во ОВР Крива Паланка од Јавната здравствена установа Крива Паланка било пријавено дека на местото викано „Пољана“ во селото Огут има починато лице.






По преземените мерки било утврдено дека станува збор за С.Ј. (52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи.

Лекар констатирал смрт на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка, а надлежните институции ги испитуваат сите околности поврзани со случајот.

Поврзани содржини