40-ГОДИШНИОТ ВОЗИЊА ГИ ЗАПРЕ УДАРИТЕ НА ШПАНЦИТЕ „Фуријата“ одигра без голови против Зелено’ртските Острови

Шпанците доминираа, но голманот Возиња и цврстата одбрана на Зелено’ртските Острови донесоа историски бод од 0:0.

165

Најголемата сензација на досегашниот тек од Светското првенство се случи попладнево, откако еден од фаворитите за титулата, Шпанија, одигра само 0:0 против репрезентацијата на Зелено’ртските Острови. Ова беше првиот натпревар од групата Х.

Шпанците имаа целосна иницијатива во текот на целиот натпревар, постојано ја држеа топката и создаваа шанси, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата. Еден од најзаслужните за тоа беше 40-годишниот голман на Зелено’ртските Острови, Возиња, кој со одлични интервенции ја одржа својата мрежа незатресена.






Искусниот 40-годишен чувар на мрежата делуваше сигурно и авторитативно, одлично командувајќи со одбраната пред својот гол.

Во 71 минута, селекторот на Шпанија, Де ла Фуенте, во игра го внесе и Ламин Јамал, но ниту неговото влегување не донесе промена на резултатот за „црвената фурија“.

Во самиот финиш, Зелено’ртските Острови имаа ретка шанса за сензација, но ударот на Боргес беше одбранет од шпанскиот голман Унаи Симон.

Во вториот натпревар од групата Х ќе се сретнат Саудиска Арабија и Уругвај.

Поврзани содржини