📽️ ФИНИШ ОД 70 МЕТРИ И ТОА ВО 90. МИНУТА! Победата на Брегот на Слоновата коска беше маестрална

Брегот на Слоновата Коска се врати на Светското првенство по 12 години со голема победа над Еквадор. Решавачкиот момент го режираа Вилфрид Синго и Амад Диало во самиот финиш.

670

Брегот на Слоновата Коска со победа се врати на Светското првенство по 12 години. Африканската селекција го совлада Еквадор со 1:0 во дербито од групата Е.

Мечот долго време изгледаше како да ќе заврши без голови. Еквадор имаше повеќе од играта и дури 3 пати ја погоди рамката од голот.






Најдобрата шанса за африканската селекција во продолжението ја имаше Елие Вахи. По центаршут на Диоманде, тој од непосредна близина ја погоди пречката.

Во дресот на Брегот на Слоновата Коска блескаше 19-годишниот Диоманде. Младиот играч за врска со своите дриблинзи постојано создаваше проблеми за одбраната на Еквадор.

Кога веќе сите очекуваа реми, стигна моментот на натпреварот.

Во 90. минута Вилфрид Синго ја прими топката длабоко на својата половина, на околу 70 метри од противничкиот гол. Следуваше долг спринт по десната страна и прецизна асистенција кон Амад Диало.

Фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска остана смирен и ја испрати топката во мрежата за големо славје и 3 бода на стартот од Мундијалот.

Видеото од акцијата веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Поврзани содржини