📽️ КУРАСАО ЈА НАЛУТИ ГЕРМАНИЈА СО ИСТОРИСКИОТ ГОЛ „Панцирите“ со 7 гола ја разбудија сенката на Бразил
Комененсија испиша историја со првиот гол на Курасао на светските првенства и накратко ја шокираше Германија. Фаворитот потоа покажа зошто е меѓу кандидатите за титулата и славеше со убедливи 7:1.
Германската репрезентација со убедлива победа од 7:1 над дебитантот Курасао го отвори настапот на Светското првенство, но натпреварот ќе остане запаметен и по историскиот момент за островската селекција.
Германија поведе уште во 6. минута преку Нмеча и изгледаше дека лесно ќе ја оправда фаворитската улога.
Сепак, Курасао возврати преку Комененсија, кој го постигна првиот гол во историјата на својата репрезентација на мундијалите и донесе краткотрајна сензација.
Радоста на аутсајдерот не траеше долго. По корнерот на Натаниел Браун, Нико Шлотербек со удар со глава повторно ја врати предноста на Германците.
До паузата резултатот го зголеми Каи Хаверц од пенал, а во второто полувреме следуваше целосна доминација на избраниците на Јулијан Нагелсман.
Во листата на стрелци се запишаа и Мусијала, Браун и Ундав, додека Хаверц го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 7:1.
За Курасао поразот беше тежок, но репрезентацијата ќе го памети натпреварот по историскиот првенец на светските првенства. За Германија, пак, ова беше очекуван и убедлив старт на турнирот.