ДАЈТЕ СЕГА ДА НЕ ОПЛЕСКАМЕ КОГА ЧЕКАМЕ ДОГОВОР! Трамп бесен на Нетанјаху и на Хезболах поради нападите
Американскиот претседател го критикуваше израелскиот напад врз Бејрут, оценувајќи дека може да му наштети на мировниот процес со Иран. Според него, договорот и натаму е блиску и може да биде финализиран во скоро време.
Израелскиот ракетен напад врз Бејрут предизвика остра реакција од американскиот претседател Доналд Трамп, кој порача дека акцијата не требало да се случи во момент кога САД и Иран се блиску до мировен договор.
– Нападот утрово врз Бејрут не требаше да се случи, особено на овој посебен ден кога сме блиску до мировен договор со Иран – изјави Трамп.
Тој нагласи дека Израел има право на самоодбрана, но оцени дека нападот не треба да го загрози дипломатскиот процес.
Трамп, кој денеска го слави 80. роденден, ги повика Израел, Хезболах и „другите страни“ да престанат со напади и буквално напиша „дајте да не го расипеме мирот“.
„Израел има право да се брани од закани, но нападот на кој реагираше беше многу мал и бесмислен, никој не беше повреден, или убиен, и не треба да го наруши овој важен процес“, гласи дел од пораката на Трамп на Трут Соушл.
Според американскиот претседател, договорот со Иран може да донесе поширока стабилност на Блискиот Исток, вклучително и во Либан.
Во меѓувреме, Трамп потврди дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побарал да нема дополнителни напади кои би можеле да го нарушат напредокот на преговорите.
Изјавите доаѓаат во време кога Вашингтон, Техеран и посредниците интензивно работат на финализирање на договорот, иако од Иран претходно порачаа дека потпишувањето можеби нема да се случи во рокот што го најави американската страна.
И покрај нападот, Трамп останува оптимист. Во изјава за „Фокс њуз“ тој рекол дека очекува договорот со Иран да биде потпишан многу брзо, дури и „во следните два до три часа“.