СДСМ ЛАЖЕ, СУБВЕНЦИИТЕ ВО СТОЧАРСТВОТО СЕ ПОВИСОКИ Сточарите паметат кога 17 месеци не беа исплатени
За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година, вели ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на наводите на СДСМ за состојбите во сточарството.
СДСМ повторно лаже за состојбите во сточарството, а Државниот завод за статистика забележува повисоки субвенции и позитивни резултати вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Времето на СДСМ, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика.
За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.
Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството. Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми и тоа:
– кравјо од 5 на 6 денари.
– овчо и козјо од 6 на 7 денари.
Се зголеми и финансиската поддршка од 4.000 на 6.000 денари за товни раси на говеда и зголемување од 3.000 на 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси.
За обележани грла овци постари од 12 месеци, има зголемување на поддршката од 2.000 на 3.000 денари, исто така и за обележани грла кози постари од 12 месеци, се зголеми поддршката од 2.000 на 3.000 денари.
По неколку години застој, се креираше нова мерка за зголемување на бројот на основното стадо во која висината на поддршката е за 30% повисока од основните мерки за пријавен број на обележани говеда, овци и кози.
Со ова фармерите ќе се поттикнат за зголемување на бројот на основните стада. СДСМ го уништи сточарството во Македонија со нивните штетни политики. Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство“, вели ВМРО-ДПМНЕ.