ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КОЈ БЕСНЕЕШЕ НАД ШТИП Брзата реакција на екипите спречи проширување до првите куќи

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

111

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре.






Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вчера на вонредна прес-конференција изјави дека огнот се ширел на непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеле да ги видат огнените јазици над градот.

– Заради силниот ветер и непристапниот терен зафати одредени ридови, кои што се веднаш до неколку населби во Штип. Веднаш екипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното Противпожарно друштво излегоа на терен со целокупаната логистика, ресурси, механизација на Јавните претпријатија за да го локализираат овој пожар, кој заради непристаноста на теренот се шири –

вели Јорданов.

Пожарот избувна вчера попладне откако гром запалил сува трева и грмушки, по што поради силниот ветер брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак и се доближи до првите куќи во населбата Кадидаре.

Тој нагласи дека нема простор за паника, бидејќи сите институции биле мобилизирани, додавајќи дека нема повредени лица и не биле загрозени станбени објекти.

📽️ ПЛАНОТ Е ДА СЕ НАПРАВИ ПОЈАС ОКОЛУ ПОЖАРОТ, ЗАВИСИ КАКО ВЕТРОТ ЌЕ ДУВА НОЌВА Градоначалникот на Штип побарал помош од Свети Николе, Кочани и од Кавадарци

 

Поврзани содржини