СДСМ ГИ ВРАЌА КОМЕНТАРИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Ако сте умни, може и Зоки ќе го вратат

Опозицската партија повикува на заедничка акција и поголема ангажираност на јавноста во дигиталниот простор.

725

Опозициската партија СДСМ соопшти дека ги враќа можностите за коментари на своите објави на социјалните мрежи на сите платформи.

Партијата повика на поголема вклученост и на јавна дискусија.






СДСМ апелира граѓаните да се вклучат во иницијатива за, како што наведува, „чистење на просторот од омраза и поделби“ на социјалните мрежи, преку активна реакција и учество во онлајн комуникацијата.

Опозицската партија повикува на заедничка акција и поголема ангажираност на јавноста во дигиталниот простор, со цел „поттикнување на конструктивен дијалог и намалување на негативните содржини“.

Упатува и повик за пријавување и за реакција на несоодветни коментари на социјалните мрежи.

Пред нецел месец СДСМ ги забрани коментарите на официјалните профили на партијата на социјалните мрежи.

НЕМА ВЕЌЕ КОМЕНТИРАЊЕ НА ПРОФИЛИТЕ НА СДСМ Партијата најави борба со „трол-фабриката на ВМРО-ДПМНЕ“

Поврзани содржини