КОИ МЛЕКАРИ ПЛАСИРАЛЕ ЛАГИ НА ДЕКЛАРАЦИИТЕ НА МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ? Курир ги објави имињата, неофицијално

Според контролата на 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното.

0

Порталот „Курир“ објави, неофицијално, кои млекари и на кои производи пласирале неточни информации на декларациите, што ги откри вонредната контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според контролата на 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното.






Изречени се казни, а имињата на производите и на млекарите не се објавени, но јавноста инсистира да дознае за кои млекари станува збор.

Според „Курир“, една од фирмите е млекара „Милком“, каде во мешант кашкавал по декларацијата треба да има  34 до 35% млечни масти, а по анализата е утврдено дека има 30%.

Потоа, млекара „Маврово“, каде во мешаното сирење треба да има 24,5% млечни масти, а имало 17,5%.

Понатаму, млекара „Сентис АГ Тетово УХТ“, каде во млекото по декларацијата треба да има 3,2% млечи масти, а има 2,85%, а протеин има 3%, а се декларирани 3,5%. Киселата павлака на оваа млекара требало да има 18% млечна маст, а анализата покажала 14%.

Во козјото сирење на млекара „Ѓорѓиеви“ наместо 23% имало 16,3% млечна маст, а наместо 18,8% протеин, имало 14,6%.

Во увезенот ситно сирење на млекарата „ПК Златибор Србија“ требало да има 14,3% млечна маст, а имало само 1.19%.

Во урдата на млекара „Бела фарм“ од Хомоље, Србија, според декларираното требало да има 25% млечна маст, а според анализата имал0 5,54%.

Млекарата „Продукт бренд“ нудела кравјо сирење со декларирани 15% млечна маст, а имало 11.4%, како и 12% декларирани протеини, а имало 15%.

Во мешаното сирење на „Тетовска млекара“ по декларација требало да има 23% млечна маст, а анализата утврдила 19,8%.

Млекара „Норд милк“ продавала млечна павлака со пиперка, позитивна на растителни масти.

АХВ ДА ГИ КАЖЕ БРЕНДОВИТЕ КОИ НЕТОЧНО ДЕКЛАРИРАЛЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ Граѓаните бараат точни информации за да не паничат

Поврзани содржини