ШТО ЧУВСТВУВАМ? БОЛКА Артета скршен по поразот, Енрике призна, „имаа совршен план, но…“

Тренерот на Арсенал тешко го поднел поразот на пенали во финалето на Лигата на шампионите, додека Луис Енрике призна дека неговиот тим бил ставен на големи маки од „совршениот план“ на лондончани.

2

Арсенал остана без најпосакуваниот трофеј по драматичното финале против ПСЖ. По натпреварот, Микел Артета не ја криеше разочараноста.

– Што чувствувам сега? Болка. Губење трофеј на пенали… Никој не може да ја одземе таа болка – рече Артета.






Тренерот на „топчиите“ смета дека неговиот тим бил блиску до европската круна и посочи дека лесно можело да биде досуден пенал за Арсенал.

– Освоивме голем трофеј, но го пропуштивме најголемиот. Им кажав на играчите и на персоналот дека дури и милион пати да кажам „благодарам“, нема да биде доволно – изјави Артета.

Иако ПСЖ стигна до нова титула во Лигата на шампионите, Луис Енрике призна дека Арсенал бил исклучително тежок противник.

– Нивниот план беше совршен. Нè ставија во многу тешка позиција, особено по голот што го примивме во првите десет минути – рече Енрике.

Шпанскиот стратег нагласи дека Арсенал е еден од најтешките противници во Европа.

– Почнавме да играме подобро во второто полувреме, но кога се соочувате со Арсенал, со нивниот низок блок, нивната физичка подготвеност и нивната одлична одбрана, она што го направивме е вистинско достигнување. Во врска со пеналите, сакавме да им пристапиме со бистра глава. Беше тежок натпревар. Игравме против најсилниот тим во Европа во прекини, но мислам дека доминиравме.

Францускиот гигант ја одбрани европската титула, откако славеше и во сезоната 2024/25.

Ноќта на славјето на улиците во Париз беа уапсени над 200 лица, односно вкупно 416 лица во повеќе градови.

Поврзани содржини