КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КУМАНОВО-СВЕТИ НИКОЛЕ Сообраќајот е во прекин
Засега нема официјални информации за причините за несреќата ниту дали има повредени лица.
Патниот правец Куманово-Свети Николе, пред кумановското село Скачковце, е затворен за сообраќај откако утрово камион се излизга на коловозот, најверојатно поради снежните услови.
На фотографијата што се споделува од местото се гледа камионот кој е попречен преку целиот пат, поради што сообраќајот е во прекин.
„На патниот правец Куманово–Свети Николе, пред селото Скачковце, утрово околу 8 часот, товарно возило со босански национални ознаки се излизгало и го попречило коловозот. Возилото го управувал Н.П. (53), а поради незгодата патот е затворен за сообраќај. Нема повредени лица“, информираа денеска од СВР Куманово.
Полициски службеници и екипа на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и создавање услови за нормализирање на сообраќајот.