ГРУЕВСКИ И НАТАМУ Е МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН Активни се постапките за негова екстрадиција, велат од правда

Министерството за правда соопшти дека Никола Груевски останува македонски државјанин и дека постапката за негова екстрадиција продолжува и покрај информациите за можно унгарско државјанство.

184

Министерството за правда соопшти дека внимателно ги следи информациите во јавноста поврзани со наводите дека поранешниот премиер Никола Груевски добил унгарско државјанство, нагласувајќи дека тој и понатаму останува државјанин на Македонија и лице опфатено со правосилни судски пресуди и активни постапки.

Во реакцијата од Министерството се наведува дека, без оглед на шпекулациите и неофицијалните информации за неговиот евентуален статус во Унгарија, институциите продолжуваат да постапуваат согласно важечките законски процедури.






„Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки“, соопшти Министерството за правда.

Оттаму потенцираат дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции.

Министерството додава дека и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните институции во Унгарија.

Реакцијата следува откако во дел од медиумите беа објавени информации дека Груевски, кој од 2018 година престојува во Будимпешта, наводно добил унгарско државјанство врз основа на „државен интерес“.

Поврзани содржини